Анџелина Џоли не е само една од најубавите и најсекси жени во светот, туку неспорно е и миленичка на модните критичари поради беспрекорниот стил кој го демонстрира на црвениот килим.
Погледнете како изгледаше таа на премиерата во Токио.
Анџелина Џоли се појави во Токио на црвениот килим по повод премиерата на филмот „ Господарка на злото” , каде што има главна улога. Актерката повторно беше облечена во класичната црна боја, но тоа ни оддалеку не ја правеше досадна и безлична, туку напротив – сексипилна и моќна.
Анџелина Џоли беше облечена во црн кадифен фустан со средна должина, дело на Atelier Versace . Црните високи потпетици од Saint Laurent ја комплементираа нејзината едноставна и елегантна визија.