Актерката Анџелина Џоли, повторно ќе се најде во операционата сала, овој пат поради проширени вени.
Познатата актерка ќе мора да оди на операција поради проширените вени, кои се појавиле поради пребрзото губење на телесната тежина.
Анџелина сака да заврши со операцијата што побрзо за да биде спремна за своето венчање да носи венчаница без ракави.
Извори блиски на парот велат дека таа и самата може да го реши тој проблем, кога би се здебелила малку, но нејзиниот „густ“ распоред не ѝ го дозволува тоа.