Анџелина Џоли и нема баш најубаво мислење за ријалити ѕвездата Ким Кардашијан.Имено, Енџи мисли дека Ким е „празноглава и лесна жена“.
Холивудската актерка според пишувањето на странските медиуми и е огорчена на Ким бидејќи таа поради своето ерменско потекло ги коментирала случувањата во Сирија.
Неодамна Ким ги повика сите луѓе со добра волја да сочуваат едно древно ерменско христијанско село кое што се наоѓа во Сирија.
Меѓутоа, напорите на Ким не се исплатеа, а Анџелина била зачудена како жена како Ким може да се меша во толку деликатни политички прашања.
Анџелина смета дека Твитер профилот на Кардашијан е опасен во такви ситуации.
– Што мисли оваа празноглава жена со лесен морал дека е? Би требало да се држи до нејзиното шоу, била остра Џоли, амбасадорка на добрата волја на Обединетите нации.
Очигледно Анџелина не сака било кој да се меша во „паметните работи“, а особено не некој како Ким.