Анџелина Џоли и Бред Пит се едни од најпознатите луѓе во светот.
Но, јасно е дека холивудските ѕвезди сакаат да ги задржат нештата што е можно по нормални, како за нив, така и за своите шест деца.
Познатото семејство го прескокна приватниот авион, па дури и луксузната прва класа со цел да имаат нормален пристап во патувањето, додека патуваа од Париз до Ница, пренесува Daily Mail.
Тие изгледаа како секое секојдневно семејство додека поминуваа на аеродромот и пред качување на авионот. Пред полетувањето на авионот, тие чекаa два часа за следниот лет, исто како и другите патници.