Американската пејачка, која во февруари соопшти дека повторно и е дијагностициран рак, објави на Твитер дека конечно се изборила против оваа болест.
Анастасија објави на социјалната мрежа Твитер дека по втор пат го победила ракот на дојка. Пејачката во февруари соопшти дека повторно и е дијагностициран ракот на дојка и дека мора да ја откаже турнејата.
Неодамна на Твитер објави фотографија направена во музичко студио на која делува задоволно и во одлична форма.
„Засекогаш се ослободив од ракот“, напишала пејачката под фотографијата.
Анастасија, 45, во 2003 година првпат се соочи со оваа опасна болест и тогаш успеа да се излечи по неколку операции и хемотерапии.