„Американски идол“ се враќа

Познатиот натпревар за музички таленти се враќа во Америка и тоа веќе во март следната година. Познати се и новите судии.

Музичките ѕвезди кои ќе бидат жири во новото издание на „Американски идол“ се Кејти Пери, Лајонел Ричи и Лук Брајан.

Кејти Пери веќе ги нарекува своите колеги „дрим тим“, велејќи дека Америка има уште многу неоткриени музички таленти и дека таа, заедно со Ричи и Брајан, ќе им помогнат да заблескаат на музичкото ѕвездено небо.

Аудициите веќе се започнати и екипата на „Американски идол“ веќе патува низ повеќе градови во САД, во потрага по музички таленти.

 

- Реклама -