Заврши долгоочекуваното супер-финале на регионалното шоу X Фактор, каде што овој пат победата замина во рацете на Амел Чуриќ.
Бевме сведоци на еден квалитетен двобој пред самиот крај, откако во шоуто останаа Амел од Босна од Боби Мојсовски од Македонија.
Двајцата го потврдија својот голем талент во текот на шоуто, а за да се каже кој меѓу нив бил подобар, барем според коментарите на страната на X Фактор, беа во прашање вкусови и нијанси.
Боби иако имаше бронхит се бореше храбро до самиот крај, изведувајќи ги феноменално неблагодарните Полско цвеќе, Bed Of Roses и Show Must Go On.
Останува да му посакаме успешна кариера на Боби, кој веќе со години се обидува да се пробие на нашата естрада. Факт е дека шоуто му ги отвори вратите, па најпосле дојде времето за песни и албуми.