Амбер го истетовира Виз Калифа на раката

Не е никаков новитет дека Амбер Роуз сака да ја истакнува љубовта кон нејзиното момче Виз Калифа. Овој пат, таа ги потсети сите со покажувањето на нејзината најнова тетоважа на раката. Станува збор за огромна слика од нејзиното момче на која тој е насмеан. Под сликата која моделот ја постираше на Инстаграм, Амбер напиша „True Love“. Убавицата е позната по нејзината љубов кон тетоважите. Таа веќе има неколку поголеми, меѓу кои една постара фотографија од нејзината мајка.

- Реклама -