Amazon деновиве претстави нов портал на својата веб страница, кој има за цел да ги претстави 3Д печатените производи.
Од компанијата објаснија дека овој портал е „дом“ на 200 уникатни производи, како на пример 3Д играчки, 3Д аксесоари или 3Д мебели. Повеќето од нив се создадени по нарачка, така што потрошувачот си ги избира материјалите од кој ќе биде направен производот, големината, стилот и боите на производот.
Со цел, лесно и брзо да можете да ги разгледате или нарачате дадените производи, веб страницата има персонализиран пребарувач, интерактивена функција за 3Д прикажување и додаток за персонализација на конкретен производ, кој вие лесно и брзо ќе можете да го прилагодите на вашите потреби и барања.
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk