Добитничката на Греми, Алиша Кис, рекла дека сака со глобалната кампања која започна минатиот месец, да ги едуцира луѓето за ХИВ-вирусот кој предизвикува сида.
Пејачката изјавила дека на неодамнешното патување низ Африка и Индија, почуствувала поврзаност со жените кои патат од овој вирус бидејќи тие ја потсетувале на нејзините роднини, тетки и сестри.
Кис соработува со семејната фондација „Kaiser“ за кампањата под назив „Empowered“, која започна минатиот месец, со цел да ги едуцира жените за ХИВ, и која треба да обезбеди донации за проектите кои се дел од кампањата.
Алиша е воедно основач на проектот „Keep a Child Alive“ кој предвидува третмани за заболени од сида, донации со храна и друг вид на поддршка за деца и семејства погодени од ХИВ и сида во Африка и Индија.