Актерката Џесика Алба не ја исклучува можноста еден ден повторно да снима голи сцени.Таа признава дека не е донесена одлука да не се соблекува во идните филмови, но вели дека тоа не е нешто кон што се стреми во сегашната фаза од кариерата .
“Нема да кажам дека никогаш нема да се соблечам повторно, но засега тоа не е потребно”, вели актерката.
Џесика вели дека единствената причина што во блиска иднина нема да се соблекува пред камерите е за да избегне непријатни моменти кога роднините ќе ја видат гола .
„Чудно е кога на Божиќ баба ми и дедо ми гледаат некои делови од мене. Не знам, јас сум старомодна”, вели таа.
Актерката сподели и дека нема идеја како успева да се справи со грижата за двете ќерки и со професионалните обврски.
„Семејството секогаш ќе биде на прво место. Се уште се обидувам да го погодам вистинскиот баланс помеѓу сите мои активности. Важно е децата да се среќни и здрави, се останато ќе се нареди”, вели Џесика Алба.