Кога ќе се спомне зборот аквариум, првото нешто што им паѓа на памет на луѓето е една голема стаклена топка, украсена на дното со неколку камчиња во боја и две до три пластични декорации.
Но, Ден Крафорд, член на Англиското здружение на водени растенија, остро се противи на ваквата визија.
Тој одгледува едно мало богатство од прекрасни водни пејсажи, кои освен што бараат разбирање на биологијата, бараат и вештина за дизајнирање и уредување. Така, со помош на камења, дрвја, разни водни растенија, специјално осветлување, и многу креативност, Крафорд создава еден воден рај во аквариумите, на кој дури и Посејдон би подзавидил.