28-годишната актерка не дала конкретна причина зошто е тоа така, но тврди дека „големите“ девојки многу подобро поминуваат во комедиите од оние послабите!
28-годишната актерка Ребел Вилсон по втор пат ќе ја толкува „Fat Amy“ во популарнито филм „Pitch Perfect 2“, а по тој повод коментирала дека „големите“ девојки многу подобро поминуваат во комедиите од оние послабите. Таа наведува дека тоа затоа што на нив „луѓето полесно се смеат“.
„Тешко е да се смееш на некој кој е многу атрактивен. Барем мислам дека тоа е така. И обично овие луѓе немаат добра личност“, рекла актерката која никогаш немала проблем со добивање шеги на сметка на сопствената тежина.
„Го искористив нештото што се смета како недостаток и го претворив во нешто позитивно- никој не мисли, дека ако си дебел, дека ќе станеш актерка и дека сите ќе те сакаат“, рекла во неодамнешно интервју.