Актерката која докажа дека и стареењето по природен пат може да изгледа секси

Шерон Стоун е жив доказ дека и жените на 55-години можат да претставуваат синоним за сексипил. Имено, холивудската ѕвезда вчера беше забележана на прошетка низ Калифорнија во кус бел фустан кој го откриваше нејзиното тело без ниту една маана. Актерката која се одлучи да остаре на природен пат, покажа дека тоа воопшто не изгледа страшно, туку напротив, дека изгледа подобро од повеќето нејзини колешки кои се предадоа на естетската хирургија. Без ниту грам целулит, со природен тен и едноставен изглед, Шерон едноставно блескаше.

article-2447932-1892397500000578-515_634x769