Иако повеќето ја паметат како невино девојче од популарната серија „Херои“, 24-годишната актерка Хајден Панетиере го покажа новиот секси имиџ.
Хајден гостуваше во шоуто на Дејвид Летерман, а со новиот изглед ја изненади публиката. Актерката направила промена во бојата на косата и ишишала опасни шишки. Се одлучила за секси тесен фустан со потписот на Alexandar McQuenn кој го нагласи нејзиното тело. Заводливото издание Хајден го дополнила со црвени чизми.
Нејзините фанови на социјалните мрежи коментираа дека е пресекси и дека одвај ја познале. Може само да претпоставам дека новиот изглед му се допаѓа и на нејзиното момче, боксерот Владимир Кличко со кого е во врска од 2009 година.