Поминаа десет години откако филмот „Notebook“ стана хит, а режисерот Ник Касавете откри дека главните актери Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, воошто не биле во романтична врска, како што многупати се тврдеше.Иако на екранот изгледаше дека постои хемија меѓу нив, во текот на настанувањето на филмот тие всушност се мразеа. Уште пошоканен е фактот дека холивудскиот актер, неговата колешка, а подоцна и девојка, сакал да ја исфрли од филмот. Гослинг, кој го глумеше непоправливиот романтичар Ноа Калхоун го молел режисерот да најде некоја друга актерка која би ја играла Ели Хамилтон, неговата голема љубов.
– Можеби не требаше да ја раскажам оваа приказна, но тие навистина не се согласуваа на сетот. Рајан ме молеше да ја отпуштам, затоа што како што велеше, не можел да работи со неа, откри Касаветес.
Нивното несогласување меѓу нив било толку големо што на еден од состаноците вриштеле и се дереле еден на друг.
Рајан и Рејчел врската ја започнаа откако го завршија снимањето на филмот. Прекинаа во 2008 година, а последните три години Рајан е во врска со актерката Ева Мендез.