Таа позира за Victoria’s Secret веќе 13 години и многу добро знае како се прави една жешка фотосесија во долна облека. Ниту последните фотографии на 31-годишната Адриана Лима не се разочарувачки.
Бразилската убавица уште еднаш го покажа совршеното тело во секси долна облека и бикини од летната колекција на брендот.
Лима минатата година, по само осум недели откако го роди нејзиното второ дете се врати на модните писти. Таа тренирала со професионалниот боксер Мајкл Олаиде шест часа на ден пет недели пред шоуто во септември 2012.
„Го открив боксувањето, го прифатив. Одлично е за телото и за умот и ви дава одлична форма. Предизвик е. Јас сакам предизвици“, рече своевремено Лима.
Во 2012 година Бразилската убавица беше четврта на листата на магазинот Forbes на најплатени модели со заработени над 4 милиони долари во една година. Таа е омажена за српскиот кошаркар Марко Јариќ со кој има две ќерки, Валентина и Сиена.
Погледнете ја целата фотосесија на жешката Лима