Адел почна со снимање на наследникот на нејзиниот хит-албум „21“, објави британскиот таблоид „The Sun“.
Магазинот пишува дека Адел повторно е во студио, првпат по бременоста и породувањето во октомври, а наводно работи на новите песни со помош на Џејмс Форд и Кид Харпун, кои работеа на албумите на „Arctic Monkeys“ и „Florence and the Machine“.
„Адел сака да биде во тренд па се обидува нејзиниот нов албум да биде што помодерен“, рекол неименуван извор за „The Sun“.
До сега се шпекулираше и дека во план е дует со Роби Вилијамс, но нема никаква официјална потврда на оваа информација исто како што не се знае кога би можел да излезе новиот албум.
Самата Адел пред еден месец изјави дека ќе снима нов албум кога ќе има за што да пее.