Проблематичниот пејач посака да стане каубој, но наместо каубојски шешир носел сив федора кој го искомбинирал со бела кошула, фармерки и црни чизми.
Џастин Бибер (20) во понеделникот отишол да јава коњи со група луѓе по холувудските брда. Својата прошетка ја споделил и на Инстаграм.
– Дали е тоа малиот Индијана Џонс- си поласкал на себеси покрај фотографијата на која јава коњ и носи маица. Објавил уште една фотка на која се гледа главата на белиот коњ и раката на Џастин која ги држи уздите.
Штом забележал дека е сликан од папараците, тој ја соблекол маицата и го покажа тетовираното торзо.
Кога се симнал од коњот, ги спуштил фармерките така што можело да се види кои дизајнерски гаќи ги носи.
Инаку, поп-ѕвездата е пријавен за обид на кражба, потрдила полицијата во Лос Анџелес откако медиумите напишале дека се обидел да го украде мобилниот на една млада жена. Џастин се уште не е приведен и испрашан.