Во последно време се чини дека е многу актуелно стари филмови да се создаваат во форма на телевизиски серии.Честопати сме споменувале филмови кои се инспирирани од серии, но сега за прв пат погледнете го спротивното. Во продолжени на текстот дознајте кои серии, инспирирани од филмови ќе можеме да гледаме наскоро.
1 Man on fire
Овој филм се покажа како огромен хит со импресивните улоги на Дензел Вашингтон (Denzel Washington) и Дакота Фанинг (Dakota Fanning), според визијата на Тони Скот, но сеуште не можеме да замислиме верзијата на FOX да се доближи до тоа. Се надеваме дека ќе успејат!
2. Bad Teacher
Како сценарист и извршен продуцен на филмот ќе се најде самата Камерон Дијаз (Cameron Diaz), која е главна улога во филмот, а во главната улога, пак, на серијата ќе се најде ѕвездата од Fringe, Ари Грajнор.
Раните критики за пилот епизодата се добри, но ќе треба да почекаме уште малку, додека да се увериме од прва рака.
3 Аmerican Psyho
Серијата е базирана на книгата на Брет Елис од 1991 и филмската адаптација со Кристијан Бејл (Christian Bale) од 2001 година.Главниот лик веќе се наоѓа на 60 години, но е повеќе смртоносен од било кога. Дури прави садистички социјален експеримент, што ќе стане негова копија и ќе ја лансира следната генерација на американски психопат.
Адаптацијата на „Американски психопат” звучи по малку како „Декстер” (Dexter), но очекуваме да видиме што поразлично ќе ни понудат FX.
4. Fargo
Тука имаме сценарио на Ноа Хоули, браќата Коен како извршни продуценти и Били Боб Торнтон (Billy Bob Thornton) во улогата на негативец. „Фарго” ќе почне со целосно нови ликови и ќе ги менува на секоја сезона, исто како American Horror Story.
5 . 12 Monkeys
Syfy официјално ja пуштија пилот епизодата на „12 мајмуни”, според која што почетокот на серија ќе ја формира истата приказна како филмот – апокалиптичен свет, каде што преживеаните луѓе живеат под земјата од страв да не се заразат со смртоносниот вирус, пуштен пред многу години од Армијата на дванаесетте мајмуни.
6. Dominion
Раскажува за настаните, 25 години по оние во филмот. Серијата ќе не воведе во авантурите на младиот војник Алекс Лане, кој излезе спасител на човештвото. Во улога на злобниот човечки генерал ќе го видиме ветеранот Алан Дејл (Alan Dale) од „Изгубени” (Lost) и ѕвездата на „300″ Том Висом (Tom Wisom).
7. Outbreak
Извршните продуценти на „ER” (ER) продуцираат телевизиска адаптација на филмот и пишуваат сценариото заедно со Гејл Кац (Gail Katz). За жал нема шанси да ги видиме тимот на ѕвезди од оригиналот, и наместо тоа NBC ќе ни понуди „медицински трилер, кој ја следи приказната на група лекари, кои се обидуваат да совладаат смртоносн вирус, пред да го опфати целиот свет.”
8. Рамбо / Рамбо
Се зборува дека нема да го видиме Силвестер Сталоне (Sylvester Stallone) во легендарната улога, но продуцентот Ави Лернер (Avi Lerner) најавува дека или ќе постави нов актер на неговлото место, или пак, приказната ќе се фокусира на потомок на Рамбо.
9. Scream
Се очекува да се најде во режија на Вес Крејвен (Wes Craven), но се уште не се знае дали проектот на MTV, планиран да започне во 2014 година, ќе биде продолжение на четирите филма или римејк.
10. Westworld
„Западен свет” се развива од Џеј Џеј Абрамс (JJ Abrams), а сценариото е доверено на Џонатан Нолан (Jonathan Nolan), кој исто така ќе ја создава пилот епизодата заедно со Lisa Joy. Адаптацијата на HBO на филмот од 1973 ќе ни раскаже мрачна одисеја за залезот на вештачката свест и иднината на гревот.
11. The Exorcist
Најновите вести се дека верзијата на режисерот и сценарист Шон Дуркин (Sean Durkin), која требало да ја разгледува историјата на девојката опседната од демон, е одбиена. На нејзино место е започнат развој на нова верзија, продуцирана од Рој Ли (Roy Lee), извршен продуцент на The Departed и The Ring.
12.Gangs of New York
Мартин Скорсес (Martin Scorsese) сака да го пренесе филмот од 2002 година на малиот екран, следејќи ги истите настани и херои, но со поголем обем кој го опфаќа Чикаго и раѓањето на организираниот криминал во Америка.
13. From Dusk Till Dawn
Вампирската класика на Роберт Родригез (Robert Rodriguez) и Квентин Тарантино (Quentin Tarantino) ќе се обнови на малиот екран, но без учество на Хајек, Клуни и Треј. Родригез ќе пишува, продуцира и режира по малку занимавајќи се со ликовите и приказната од оригиналот, но акцентирајќи ја повеќе митологијата на Ацтеките.