Што ќе се случи ако престанеме да спиеме?

Сонот никогаш не ни е доволен.  Всушност понекогаш буквално ни се чини дека не спиеме доволно. Но што ќе се случи, ако воопшто престанеме да спиеме?

Чудно, но научниците знаат многу малку на  прашањето зошто спиеме и како сме еволуирале да спиеме. Тие откриле дека  луѓето кои спијат меѓу 6 и 8 часа, живеат подолго. Премногу спиење, пак може да доведе до срцеви заболувања и дијабетес. И обратно, хроничниот недостиг на сон води до срцеви заболувања, зголемена телесна тежина, депресија, па дури и оштетување на мозокот.

Што би се случило ако решиме да не спиеме? По првата непроспиена ноќ, мезолимбичниот систем се возбудува и ослободува многу допамин. Ова всушност може да ве натера да се чувствувате енергични, повеќе мотивирани, да доживувате позитивно размислување и дури поголема сексуална желба. Звучи примамливо, но е стапица. Мозокот постепено почнува да ги исклучува деловите, кои се одговорни за планирањето и одлучувањето, што доведува до повеќе импулсивно однесување. При таква исцрпеност почнуваат побавно да ви реагираат рефлексите, како и да се намалува перцепцијата.
По два дена без спиење, телото ја губи својата способност  и имунолошкиот систем  престанува да работи. Во некои случаи, луѓето кои се будни три деноноќија почнуваат да добиваат халуцинации.

Insomnia

Се грижите за вашиот изглед? Научниците откриле директна врска меѓу ненаспаноста и убавината. Тоа значи дека луѓето кои не спијат доволно, изгледаат болни и непривлечни, за разлика од тоа кога се наспијат.

Најдолгиот документиран случај на човек кој бил лишен од сон, е 264 часа, што е еднакво на 11 дена. Тој вели дека  имал проблеми со концентрацијата и перцепциите, но  изненадувачка вистина е дека не се здобил со  никакви долгорочни проблеми со здравјето. Всушност нема документиран случај на човек, лишен од сон, кој се здобил со долгорочни медицински, психолошки, невролошки или психијатриски проблеми. Испитаните случаи сепак се малку и тоа не значи дека ненаспаноста не може да нанесе сериозни оштетувања.

При експериментите со лабораториски глувци на пример, две недели несоница обично доведува до смрт. Научниците сепак не се сигурни дали глодарите умираат од недостатокот на сон или од стресот што им го причинило постојаното будење.

sleeping-beauty10

Постои ретка генетска болест наречена фатално наследна несоница, што предизвикува прогресивно влошување, кое доведува до халуцинации, деменција и смрт. Болеста е многу ретка и од неа страдаат само околу 100 луѓе во светот, на кои животниот век им е ограничен на  околу 18 месеци.
Заклучно,  недостатокот на сон нема да ве убие побрзо, но редовната ненаспаност несомнено покажува негативен ефект врз  телото. Слатки соништа 🙂

- Реклама -