Богомолките се група на инсекти која брои околу 2200 видови, распоредени во 400 редови и 9 фамилии. Се што е поврзано со нив, е навистина интересно. Од нивниот изглед, до нивниот начин на живеење.Нивното необично име е добиено според карактеристичната положба на предните нозе кои при чекањето на пленот ги држат во слична положба како рацете на луѓето при молитва. Освен тоа, бојата и обликот на телото се вешто камуфлирани, што е уште една одлика која им овозможила да бидат успешни грабливци (предатори).
Богомолките имаат чуден процес на парење при која женката го изедува помалиот мажјак (сексуален канибализам). Всушност, женката мора да ја изеде главата на мажјакот за да тој ги направи правилните чекори при парењето.
За да се скријат од птици и гуштери, богомолките одлично се камуфлираат во вид на ливчиња и гранчиња. Во галеријата подолу ви прикажуваме најнеобични видови на богомолките, кои нема да ви се верува дека постојат.