Секако дека бакнежот се доживува на различен начин, но ѕвездите откриваат што е она што ги одликува одредени знаци. Дознајте каков бакнеж ве очекува со одреден хороскопски знак:
Овен
Бакнежот на Овенот е енергичен, моќен и впечатлив. Овен пристапува воодушевено и знае како да го запали парнерот.
Бик
Бикот се бакнува бавно, сензуално и силно. Биковите сакаат пред бакнежот да се галат или да ја допираат раката на партнерот.
Близнаци
Близнаците се од променлива природа што се одразува и на нивниот бакнеж. Сепак, сигурно нема да се разочарате бидејќи близнаците се одлични во љубење.
Рак
Раковите сакаат да се бакнуваат, а честопати се тие иницијатори за бакнежот. Ќе ви биде убаво, но нема да ве остават без здив.
Лав
Исто како што се доминантни во секојдневието, така се однесуваат и кон бакнувањето. Понекогаш дури партнерката не може да се опушти, од што сакаат да доминираат во играта.
Девица
Може да се каже дека бакнежот со девицата е совршен, бидејќи тие се многу чувствителни и внимателни. Како и се друго во животот, така и бакнежот не се помируваат доколку не го доведат до совршенство.
Вага
Вагите сакаат да му угодуваат на партнерот, но очекуваат иста доза на внимание од него. Секој бакнеж од овој знак е единствен, па задоволството е загарантирано.
Скорпија
Скорпиите се особено страстни, па со самото тоа ќе уживате во нивните врели бакнежи.
Стрелец
Стрелците секогаш сакаат повеќе од она што можат да го добијат. Доколку сакате да го освоите, осипете го со бакнежи.
Јарец
Јарците се бакнуваат сензуално и префинето. Сепак, доколку сакате да добиете бакнеж од нив, ќе ви е потребно повеќе време бидејќи тие не делат на било кого.
Водолија
Тие сакаат бакнежи кои се изненадни и необични. Доколку сакате да им измамите бакнеж, ќе морате да глумите незаинтересирани за да ги привлечете.
Риби
Рибите ќе ве бакнат само доколку им мирисате убаво. Тие се бакнуваат нежно, чуствително и внимателно, а ваше е само да им возвратите на ист начин.