Нема позната игра која Холивуд не се обидел да ја преработи во филм, па затоа е малку чудно што од најпопуларните игри на сите времиња Grand Theft Auto сеуште не е прилагодена за големиот екран. Причината сигурно не е во недостатокот на искуство, но Холивуд колку и да инсистира никогаш нема да има филм за GTA.
Пред излегувањето на GTA V на 17 септември, креаторот на серијата, Дан Хоузeр, раскажа дека иако добиле многу понуди за филм, се откажале од сите.
„Реално парите кои ги нудат воопшто не се доволни за да го оправдаат ризикот. Средбите со Холивуд секогаш не стимулираат да се вратиме назад кон игрите. Во моментот кога игрите одат во Холивуд, почнува да се губи контролата да се работи она што се сака. Ние секогаш се обидуваме да измислуваме нови и иновативни работи, а да одиме во свет кој е насочен против оваа идеја, би било ужасно. ”
Со буџет од над $ 265 милиони и проектираните приходи за првата недела од над $ 500 милиони, GTA V е успешна сама по себе и нема потреба да ризикува да пропадне со потенцијално лош филм. Но, ајде да бидеме искрени дали постои филм по видео игра, кој можеме да го наречеме навистина добар?
Во 2008г, кога излезе Grand Theft Auto IV, Холивуд се плашеше дека поради премиерата на датумот на играта, ќе пропадне премиерата на „Железниот човек” (Iron Man). Иако стравовите им беа залудни, Холивуд дефинитивно сака парче од успехот на Grand Theft Auto, но Rockstar мудро пркоси и не го продаваат постигнатото за како што самите велат, филм од втор ред.
Хоузер додава уште дека ако некогаш се случи такво нешто, тој ја гледа Grand Theft Auto повеќе како серија, отколку како филм. Тој сепак вели: „Ги сакаме игрите и сметаме дека имаме што да кажеме со нив. Тогаш зошто едноставно не продолжиме да го правиме тоа? “