Мислите дека не личите на никој од семејството? Француско-канадскиот фотограф Улриц Колет ќе ви докаже дека не сте во право.
Во серијата фотографии што ги нарекол Генетски портрети, спојувал фотографии од двајца членови на семејството и добил неверојатни резултати. Се чини дека и полот не е важен.
Пробајте го ова и ќе видите дека имате сличности со членовите на семејството и повеќе од што мислите.