Дека Исланд изобилува со природни чуда и богатства е добро познат факт, а денес ви го претставуваме водопадот Селјаландсфос кој се издвојува како една од најпознатите природни убавини во оваа земја. Имено, станува збор за најпознатиот водопад во Исланд, каде водата од реката Селјаландса паѓа од 60 метри висока карпа. Прекрасниот пејсаж кој го нуди оваа локација секојдневно мами љубопитни туристи подготвени за авантура.