Живееме во време во кое е можно речиси сè да се создаде и презентира онлајн. Најинтересно е дека освен на шопинг во интернет просторот веќе можеме да уживаме и во новите изданија на повеќето светски магазини, вклучувајќи и многу модни списанија. Пред неколку месеци се појави и долгоочекуваното електронско списание The Edit на популарниот сајт за шопинг Net-A-Porter.
Главниот уредник на изданието Луси Јеоманс, кој до неодамна работеше во Harper’s Bazaar, ја избра шармантната актерка Кејт Босворт за девојка на новиот број. Русокосата дама е главниот протагонист во стилската фотосесија насловена „Враќањето на дамата”. Погледнете го импресивниот сет од фотографии и уживајте во облеката од бајка, која суптилно го украсува телото на русокосата убавица.