Откако пред 58 годии прв пат се венчале, а десет години подоцна се разделиле, Оли Инграм и Вилс Холмс повторно еден на друг го кажале судбоносното „да“.Страста неочекувано се разгорела, со единствена разлика што тој сега има 79, а таа 76 години.
Двајцата повторно се сретнале на фамилијарна забава пред 18 месеци, а овој пат не чекале туку веднаш се венчале, користејќи ги истите прстени како и кога имале 17 години. Пред да ги обноват заветите и двајцата останале вдовци, па симболично зачекориле под олтарот со песната „My first, my last, my everything“.
„Прв пат се венчавме премлади. Иако добивме две прекрасни деца, спеак не успеавме да останеме заедно. Се сретнавме минатиот Божиќ на забава. Таа остана да преспие во мојата соба, се бакнавме и така започна се од почеток. Веднаш ја побарав за жена“, раскажува Вилс.
„Овој пат ќе успееме. Мислам дека и двајцата патевме што не успеавме првиот пат, но за се беше крива младоста“, вели Оли и додава дека никогаш не помислила дека повторно ќе им се соединат судбините.