Уметникот и фотограф, Карл Ворнер, ја започна својата кариера со фотографии од пејсажи, работејќи многу години во рекламната индустрија. Инспирацијата по која трагаше долго време, ја пронајде во макетот со печурките „Portobello“, кои многу го потсетуваа на дрва од некој друг, вонземски свет. Ова ќе биде неговиот прв чекор за почеток на една повозбудлива насока во неговата кариера.
За кусо време Ворнер успеа да го привлече вниманието на медиумите, чии серии водеа до книги, интервјуа и малопродажба. Но има и зошто. Неговите необични „вкусни“ пејсажи, се нешто што навистина успева да ве пренесе во една друга, надчовечка димензија. Почувствувајте ја фантазијата.