Креативен дечко се потрудил неговата просидба да биде незаборавна. И додека имавме можност да видиме низа слични обиди, овој е навистина за поздравување.
Имено, Пол Филипс (31) за својата девојка Ерика Рамос (27) направил сликовница за горила и жирафа, во која е раскажана нивната заедничка приказна, а на крајот на сликовницата горилата ја бара жирафата за жена.
За илустрациите се погрижила Џони Лимор, а книгата е сместена во библиотека на делот за деца, каде ја пронашла Ерика.
„Една недела порано и реков дека ќе одиме на вечера. Позајмив неколку книги со цел да ги вратам во библиотека пред да одиме да вечераме. Планот помина совршено. Додека гледавме што да земеме, јас и предложив да ја разгледаме сликовницата која изгледа симпатично и ја замолив да ми ја прочита“, вели Филипс.
Тој ангажирал и фотограф кој ја овековечил продидбата.