Оскаровецот доби тешка задача.
41-годишниот актер Бен Афлек е избран за улогата на Брус Вејн на местото на Кристијан Бејл за новиот филм во кој ќе се спојат суперхероите Бетмен и Супермен.
Со ова, Афлек ќе биде осмиот актер што ќе го глуми човекот-лилјак, во чија улога се појавија и славните Џорџ Клуни и Мјакл Китон.
„Ни требаше некој необичен актер за улогата на најпознатиот суперхерој и Бен Афлек беше вистинскиот избор“, изјавил директорот на Warner Bros, Грег Силверман.
Инаку премиерата на продолжението на Man of Steel, во кој Супермен го глуми Хенри Кавил, и во кој силите ќе ги спои со Бетмен се очекува во 2015 година.