Момче кое практицирало во банка, починало по 72 часовна работа. 21-годишниот приправник во Merrill Lynch, Мориц Ерхард се соочил со смртта откако работел три ноќи по ред до 6 часот наутро. Ерхард бил практикант во банката. Тој се онесвестил во станот во Лондон и починал. Иако, уште не се прецизирани причините за смртта, постојат гласнини дека момчето, кое е од Фрајбург, Германија, страдало од епилепсија.
Случајот предизвика дебата за долгите часови на работа во инвестициските банки. Еден приправник, кој сака да остане анонимен, изјави за Independent: Сите работиме прекувремено, но во инвестициските банки работат до 3 – 4 наутро. Тие почнуваат со работа во 6 часот наутро, така што заминуваат дома само за кратко. Распоредот изгледа така што работат до 3-4 часот наутро, одат дома да се истушираат и повторно продолжуваат во 6 часот.
Служителите и таксистите дури имаат договор – тие ги водат до нивниот дом, чекаат надвор, додека младите се истушираат и повторно ги враќаат во канцеларијата. Обично тоа трае не повеќе од 10 недели, па се „преживува”.
„Во текот на летото, кога се практиканти, луѓето одат како зомби и постојано пијат кафе, за да издржат. Тие сепак знаат дека го прават тоа затоа што се натпреваруваат за многу добро платени позиции “, вели приправник.
Друг приправник вели дека Морис Ернхард најверојатно се онесвестил од исцрпеност. „Тој најверојатно има работено 8 дена нон-стоп во рамките на две недели”.
Ернахрд добивал 2 700 фунти месечно. Во последните три дена работел по 21 час, велат служителите. Тој бил пронајден мртов од страна на својот цимер.
Од Merrill Lynch одбија да коментираат, додека не излезат резултатите од обдукцијата. Морис Ернхард учел бизнис администрација на Универзитетот во Мичиген, пред да започне обука во WHU Otto Beisheim School of Management во Валендар, Германија. Тој веќе имал практицитано во KPMG Consulting, Morgan Stanley и Deutsche Bank.