Туристичка организација во Австралија цензурираше „надарен“ кенгур

Туристичка организација во Австралија на Фејсбук цензурираше фотографија на „надарен“ кенгур.

Цензурираната фотографија предизвика бура од реакции на Фејсбук страната на организацијата. Повеќе од 1.500 луѓе ја коментираа сликата изреволтирани од овој потег, иако на крајот се испоставило дека се работи за шала.

На фотографијата стои животно кое лежи со раширени нозе на трева, а во описот пишува: „Уживање во летното попладне. Цензурирано за Фејсбук“.

„Лудо е што се „замачкани“ репродуктивните органи на животно. Кој болен смета дека тоа нешто е секуално? Ми се гади, е еден од коментарите.

„Јас имам фотографии од моето куче на Фејсбук, но ниту една не е ценурирана“

„Колку сте патетични. Збогум и пораснете“, беа дел од коментарите на нивната Фејсбук страна.

Прочитајте и:  Австралија: Воспитувач призна дека извршил стотици сексуални злосторства над деца

Портпаролот на агенцијата  истакна дека во прашање била само шега.

„Сите кои се запознаени со нашата Фејсбук страна, добро знаат дека сакаме да се шалиме. Кога ја добивме оваа фотографија, не можевме да одолееме, па ја споделивме со своите фанови“, истакнува тој.

 

- Реклама -