По 12-годишна пауза Шер се врати на музичката сцена со нова песна и видео запис. Името на нејзиниот најнов сингл е Woman `s World, а видео записот беше претставен вчера екслузивно. Иако со години , пејачката не е присутна во медиумите сепак некои работи не се промениле, па така таа не се откажува од својата страст кон периките и носи различни креации.
Во еден кадар таа се појавува со традиционална бела перика со црни дамки, а потоа се враќа во 70-тите години на минатиот век со бујна црвена перика.
Се очекува , Woman `s World да прерасне во парче што несомнено ќе најде место во плејлистата на многумина ди-џеи за саботната вечер на подиумот, забележува британскиот весник „Дејли Меил“. Иако Шер е главна атракција во видеото, кон неа се приклучуваат повеќе жени со различни раси, години и изглед. Песната е прва од новиот албум на Шер Closer To The Truth, кој ќе биде претставен официјално на 13 октомври, а ќе биде пуштен на пазарот на 14 октомври .
http://youtu.be/lP3oQm9LgdE