Необичен мирис многу наскоро ќе ja пополни листата на марките парфеми, нарачани од поп ѕвезди. Џош Тилман,изведувач од САД, познат најмногу како Father John Misty, посакал специјално за него да се создаде парфем, но истиот претерано потсетува на марихуана, соопшти весникот „Дејли мејл”. Мирисот е создаден од страна на специјалист за парфеми од Лос Анџелес, Сана Барбер – инди миротворец, како што таа самата се нарекува.
За припадноста кон субкултурата зборува принципот на работа на Барбер: Целиот процес на производство го врши сама – избира и меша состојки, кои подоцна ги произведува во многу мали серии.
„ Сама ги поставувам во кутии, и ги испраќам по пошта. Дури не знаев дека постои слична субкултура додека не наидов на таква компанија” – признава Барбер во изданието The Cut. Барбер изјави дека го создала парфемот со мирис на марихуана сосема случајно. Кога почнала да работи по нарачка на Тилман – поранешен тапанар на групата Fleet Foxes, Барбер разбрала дека добиениот производ, потсетува на нешто.
„Мене лично ми се допаѓа нејзиниот мирис. Од моја гледна точка овие наркотични ноти во мирисот делуваат многу атрактивно” – признава таа. Парфемот со мирис на марихуана бил наречен „Innocence by Misty”. Ќе биде предложен во ограничена серија – само околу 300 ампули, секоја по 75 долари.