Британскиот глумец Орландо Блум наводно би можел да се најде зад маската на Бетмен во новиот филм за овој суперхерој, пренесуваат странските медиуми.
Ѕвездата на филмовите од „Пиратите од Карибите“ и „Господар на прстените“ е фаворит на обожавателите за Мрачниот витез во филмот „Superman Vs. Batman“.
Супермен во овој филм би требало да го глуми Хенри Кавил кој веќе се најде во истата улога за филмот „Man of Steel“.
Веста за заедничкиот суперхеројски спектакл за прв пат ја објави режисерот Зак Снајдер, на 20 јули гостувајќи на фестивалот „Comic Con“ во Сан диего.