Од Ајфеловата кула па се до споменикот на Џорџ Вашингтон, погледнете некои од познатите градби кои не биле отсекогаш сакани.
1. Ајфеловата кула, Париз
Иако денес е гордоста и главното одбележје на Париз, кога започнала нејзината изградба група важни уметници напишале писмо до властите каде ја нарекле „бескорисна и монструозна“. Тие се плашеле дека железната кула ќе ги фрли во сенка останатите убави знаменитости на Париз. Еден од уметниците бил и писателот Ги де Мопасан кој наводно најмногу сакал да јаде во ресторанчето на самата Ајфелова кула, бидејќи тоа било единственото место од каде не морал да ја гледа.
2. Споменикот Џорџ Вашингтон, Вашингтон
Споменикот е изграден за да би се оддала почест на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон. Оригиналните планови биле сменети поради финансиски проблеми. Многумина протестирале бидејќи сметале дека неговиот облик не е доволно грандиозен, па дури и неговиот архитект Роберт Милс сметал дека новата верзија на споменикот потсетува на аспарагус.
3. Куќата која танцува, Прага
Една од најоткачените градби во Прага е токму оваа, позната под името „Фред и Џинџер“ бидејќи потсетува на личности кои танцуваат. Кога била градена во 1990 година, истата предизвикала бура негодувања бидејќи драстично ги нарушувала зградите со богата историја кои биле сместени во нејзиното опкружување. Еден од тогашните критичари изјавил дека зградата изгледала како свиткана конзерва на Кока-Кола.
4. Милениумската купола, Лондон
Тони Блер беше полн со оптимизам кога изјави дека Милениумската купола претставува “триумф на самодовербата над цинизмот, храброста против индиферентноста и уметноста над клишето”. Сепак, јавноста беше разочарана од збирот на згради. Денес Милениумската купола е трансформирана во забавен центар О2.
5. Гугенхајм музејот, Њујорк
Модернистичкиот дизајн Френк Лорд Рајт се најде на удар на критиките кога музејот за прв пат беше претставен. Критичарите го споредија со тоалет и превртена машина за перење. Денес музејот се смета за една од најважните градби на 20 век.
6. Стаклената пирамида пред музејот Лувр, Париз
Францускиот претседател Франсоа Митеран го ангажираше архитектот И.М. Пеи да создаде нов влез до музејот Лувр. Крајниот резултат, стаклената пирамида, предизвика бројни контроверзии бидејќи многумина сметале дека модерната пирамида не е во согласност со зградата која има корени од дванаесетиот век. Денес пирамидата е една од попознатите знаменитости на Париз.
7. Саграда фамилија, Барселона
И понатаму недовршена дури и после 90 години од смртта на нејзиниот креатор, ексцентричната зграда на Гауди не била омилена меѓу жителите на Барселона. Пикасо еднаш изјавил: „Испратете го Гауди и неговата зграда во пеколот“, додека Џорџ Орвел еднаш на ја нарекол „најужасната зграда во светот“. Денес, повеќе од 2 милиони луѓе годишно ја посетуваат оваа градба.