На првиот состанок не заборавајте…

… дека дури 67 проценти од луѓето  се загрижени од здивот на соговорникот.

 

Најнова студија во Британија  покажува дека лошиот здив на човекот со кого сте излегле  може да биде  причина за откажување на нова средба.

Дури 67 проценти  од анкетираните Британци велат дека најстрашното нешто е да имате лош здив на првата средба , а втората најстрашна работа  е да зборувате за старата љубов (59%).

87 проценти  од жените признаваат дека нема да му дадат шанса за втора средба, на човек кој не ги измил забите на првата, додека само 33 отсто од мажите не би и дале втора шанса на жената со која излегле. Според повеќето жени, ако здивот не е во ред, што ли да се очекува од остатокот од хигиената.

Истражувањата покажуваат дека овој проблем  е табу тема во односите. 66 проценти од жените не би им кажале на нивните партнери дека имаат лош здив , а 15 проценти го забележале здивот на претпоставените , но никој немал храброст да им каже. 74 проценти  од вработените велат дека избегале да се приближат до колега, поради  непријатната миризба.

- Реклама -