Мадагаскар е островска република во Индискиот Океан, недалеку од Јужна Африка. Островот е четврт по големина во светот, и иако населението таму и не може баш да се пофали со големо материјално богатство, сепак, изобилува со природа и хоризонти кои се неостварен сон за повеќето луѓе во светот. Освен километарските песочни плажи и необичната и пребогата флора и фауна, тука можат да се сретнат пејсажи кои ги нема на други места во светот. Еден од нив е и необичната камена шума која е под заштита на УНЕСКО. Во продолжение погледнете дел од најубавата природа со која изобилува овој волшебен остров.