Американскиот претседател Барак Обама на 4-ти август наполни 52 години, а неговата сопруга му го честиташе роденденот на Твитер, шегувајќи се на негова сметка.
„Среќен роденден Барак! Косата ти е малку побелена, но јас те сакам повеќе од било кога“, напиша Мишел Обама на нејзиниот Твитер профил @FLOTUS.
Американскиот претседател роденденот го прослави во кампот Дејвид, имотот во Мериленд кој е на располагање на шефот на државата.