Лоцирана на полуостровот Јукатан во Мексико, се наоѓа тајната подводна река наречена Cenote Angelita (во превод Мал Ангел) која може да се пронајде после 10 до 15 минути јужно од Тулум. Ова е веројатно еден од најретките вакви природни феномени, при што тенок слој од водород сулфат ги двои солената морска од свежата вода, со што им дозволува на нуркачите да пливаат заедно во оваа подводна креација која наликува на обична земјена река. Од двете страни на брегот се наоѓаат паднати дрвја и листови, кои го прават целиот пејсаж да изгледа уште понереално.