Оваа жена живее без пари повеќе од 16 години

Откако наполнила  50 години  Германката Хаидемари Швемер добила  идеја да ја напушти својата работа како психотерапевт и да проба да живее без пари. 16 години подоцна таа не жали за оваа одлука.

Еве ја нејзината приказна:

По Втората светска војна семејството на Швемер избегало од Прусија во Германија во 40-тите години. Нејзиниот татко имал кафуле кое било профитабилно и семејството можело да си дозволи дадилка, па и дури градинар.

1pari

Швемер работела како наставничка и психотерапевт. Во 1994 година таа ја создала  иницијативата „Give And Take Central”. Идејата е луѓето да разменуваат  взаемно услуги како чување на бебе, чистење или мали производи. Постепено таа забележала дека се помалку и се наметнува потребата да користи пари.

„Прво се обидов една година да живеам  без пари”, вели таа.

2pari

Имала 4 неуспешни обиди на почетокот, се додека не решила сосема да се обиде. –  „Тогаш си реков – сега е време!” Таа го продала станот и се што не го собирало во  нејзиниот мал  куфер.

„Првично сакав да направам експеримент само за 12 месеци, но многу ми се допадна новиот живот и не сакав да се враќам на стариот”, вели таа. Нејзиното семејство не ја поддржало на почетокот. Таа ги гледа двете деца и тројцата  внуци два пати во годината, но вели дека тие веќе се навикнати на нејзиниот начин на живот.

Швемер оддамна е разведена со сопругот, и вели ели дека во моментов  не бара друг маж, но ако се случи да  сретне некој, не би имала ништо против. Таа се откажала од пензијата која и следува  и не одговара на прашањата за тоа колку години има.

3pari

Швемер сака да патува. На  почетокот вршела услуги како миење на прозорци и хортикултурна работа во замена за засолниште и храна, но вели дека денес сè повеќе луѓе кај што престојува, не и бараат ништо за возврат.

4pari

Таа  носи со себе многу багаж. Кога ќе заврши една сезона,  обично не ги чува своите облеки, туку ги  донира некаде. Веќе следната година добива нови алишта од пријатели и добродетели.

5pari

Швемер  има строг распоред. Таа не стои во место повеќе од една недела.  Во последните години има обврски за одржување на говори, а за неа се снима и документарен филм.

6pari

Понекогаш  оди и ги прашува продавачите дали имаат нешто со истечен рок на траење, што сеуште не е расипано. Таа тврди дека е различна од бездомниците, кои го прават истото, бидејќи за разлика од нив  е посакуван гостин во домовите на повеќето луѓе со кои се сретнала.

 

- Реклама -