Режисерот Питер Џексон заврши со снимањето на триологијата „Хобитот“ според романот на Џ.Р.Р. Толкин.
Режисерот од Нов Зеланд на својата Фејсбук страна објави фотографија од последниот ден на снимањето, а во петокот водеше и блог во живо.
Вториот дел „The Hobbit: The Desolation of Smaug“ пристигнува во кината во декември, а третиот пак „The Hobbit: There and Back Again“, се очекува да излезе во 2014 година.
„Хобитот“ е роман кој на Толкин му послужи како вовед во неговата славна триологија „Господар на прстените“, која Џексон исто така ја адаптираше за големото платно.