Секој кој доживеал одбивање, предавство или бил изневерен, знае колку љубовта може да боли. Сега се докажало дека ова не се вели само фигуративно.
Научно е докажано дека љубовта навистина може да боли. Најновато испитување објаснува како “хормонот на љубовта” окситоцин, е заслужен за чуството на романтична приврзаност спрема партнерот,а истовремено го зголемува стравот и анксиозноста.
Окситоцин, е во голема мера одговорен за нашите чуства на приврзаност со другите луѓе. Овој хормон преставува хемиско објаснување за сите емоции кои се јавуваат во меѓучовечките односи, а со самото тоа и за романтичната љубов. Истражувањето што е објавено во “Nature Neuroscience” покажува дека окситоцинот исто така е одговорен за нашите долготрајни страдања.
Една од функциите на окситоцинот, е појачување на социјалната меморија во одреден дел од мозокот, но ако искуството било болно и вознемирувачко, овој хормон го активира делот од мозокот кој го појачува памтењето на негативната меморија.
Со тоа се покажува дека хормонот кој е одговорен за радоста и љубовта, истовремено е одговорен и за болните социјални трауми, кои можат да траат со години. Окситоцинот го зголемува и стравот и анксиозноста, кога се наоѓаме во стресни ситуации, а може и да ја зголеми вознемиреноста, како одговор на идниот стрес.
Окситоцинот може да донесе екстремни возвишувања, но и екстремни падови во нашите емоции. Тој ги стимулира чуствата на љубов, но и чуствата на болка.