Со оглед на тоа што нивните приказни беа со нас додека растевме, животите на овие карактери повеќе ни се чинат како факти отколку како митови. Бетмен, Волверин, Спајдермен и сл. претставуваат безвременска инспирација за уметниците кои се фанови на стрипските херои, а ниту графичкиот дизајнер Коа Хо од Сан Франциско не е исклучок. Тој креираше фантастична серија на минималистички илустрации во кои ги соединува минатото и сегашноста на познатите јунаци.