Лик како од хорор со помош на гумени ластици

Шеј Хореј кој е познат под уметничкото име „Rubberband Boy“ има еден од најнеобичните начини за забавување на публиката низ светот. Тој преку своето лице навлекува гумени ластици  поради кои  изгледа страшно, како лик од хорор филмовите.

Сега има 34 години, а уште  од мали нозе знаел што сака да биде кога ќе порасне, растејќи опкружен со ластици во дуќанот за опрема, кои го поседувале неговите родители.

Неговата способност да ги користи овој вид на ластици,  очигледно се испоставила како многу интересна за луѓето низ светот.

Денес, Шеј патува низ 25 земји,  забавувајќи ги луѓето со својот уникатен настап.

 

- Реклама -