Тиери Коен ја започна неговата професионална кариера во 1985-та година и веќе се смета за еден од пионерите во дигиталната фотографија. Коен во моментов живее и работи во Париз, а од 2010-та година е посветен само на еден проект наречен „Villes Enteines“ (Замрачени градови). Серијата фотографии прикажува како би изгледале големите светски метрополи, кога не би постоела електричната енергија, а светлина би имало само од ѕвездите. Ефектот е неверојатен.