Еден од најчестите митови за сексот е дека мажите се секогаш подготвени, додека жените имаат потреба од посебна процедура, за да им се зголеми расположението за секс. Но всушност и двата пола имаат свои слаби и силни моменти, што се однесува до сексуалната активност. На темава постојат безброј митови, па така, неопходно е да „ѕирнеме“ во науката.
Годините и желбата
Покрај популарното верување дека во повисоките класови, за време на средното образование и студентските години жените се отворени за сексуални односи, се покажува дека на 30-40-годишна возраст жените се склони не само кон повеќе секс, но и секс за една ноќ . Ваквата желба се објаснува со намалувањето на плодноста и доближување до периодот на менопауза.
По месечниот циклус
Расположението за секс, сепак, не зависи само од возраста, туку и од месечниот циклус. Недела по него жените се чувствуваат најсекси и пожелни, а сексуалниот апетит им е најголем. Зголеменото либидо има свое логично биолошко објаснување. Се работи за тоа што за време на периодот на овулација, шансите за забременување се најголеми.
Годишни времиња
Сексуалната желба кај жените влијае и од годишните времиња и се буди со доаѓањето на пролетта. Топлите месеци ги полнат жените не само со огромно количество на сексуална енергија, но и ги туркаат кон „демократско“ однесување во креветот. Дел од објаснувањата за тоа расположение е поврзано со долгите денови , повеќето сончеви часови, наближувањето на сезоната на одмори и паузи – сите тие нешта го стимулираат лачењето на хормонот на среќата, ендорфин.
Бременост
Сексуалната желба кај жените понекогаш нагло расте во текот на бременоста, и тоа, најмногу поради беснеењето на хормоните, во текот на овој период.
Кој рано рани, не добива!
Додека мажите се подготвени за секс во рани зори, на жените им е потребно малку повеќе време за да се подлежат на утринскиот бран. Околу 9-10 часот е совршено време за секс , бидејќи во тоа време хормоните кои се однесуваат на сексуалната желба, го пронаоѓаат својот врв, а секојдневнието сеуште не ги сервирало обврските, проблемите и стресот.