Само во мојата чудесна земја Македонија

Толку многу контрадикторни закони, правила, извитоперени морални вредности и непрофесионализам егзистираат во нашево општестество, што човек треба за појадок и вечера да посетува психијатар, само за да остане “нормален”, се разбира колку што може.

Во надградбата на општеството треба сите да партиципираме, а првиот чекор на исправање на девијантните појави, се нивно препознавање и истакнување .

Целта ни е да ве насмееме, а не да ви го упропастиме неделното попладне, со тоа што ќе ги наброиме секојдневните фрустрирачки “појави” што ни го тестираат нашето трпение и карактер:

Само во мојата чудесна земја Македонија може:

-со факултетска диплома да се работи во бутик и да се истовараат гајби
– без познавање на кириличното писмо да се работи во јавна администрација
-на истиот шалтер, во два дена, да ви побараат различна документација
-да клатиш врата и да земаш плата
-константно да “паѓа” системот после 14:00 часот, на сите шалтери ширум земјава
-да бркаш врски за редовна процедура
-на правен факултет да бидеш измамен и оштетен од самиот факултет
-да бидеш казнет зошто кучето не ти е на поводник, дедека тоа си игра со локалното улично куче (истото важи и за вршење голема нужда)
-да не постои синдикат и да нема работнички права
-работењето прекувремено и за време на викендот да се подразбираат, без никаква финансиска надокнада
-проблемите на “газдатата” да бидат и твои
-да се продаваат студентските елаборати од страна на професорите
-да нема ниту едно истражување од страна на универзитетот
-да бидеш политичар и да примаш социјална помош
-да му кажеш на соседот “добар ден” а тој да те опцуе
– законот да се применува во зависност колку длабок џеб имаш
-доколку имаш голем и скап џип, да паркираш каде сакаш, само за да не платиш паркинг карта
-со закон да бидеш дискриминиран и маргинализиран
-на доктор да ти дадат дијагноза на која ќе се чудат во странство
-да не ти отворат врата од автобус на постојка
-вработените да ги мрзи да те услужат
-да те исмеваат кога си учтив
-полицијата да не реагира за нарушување на јавниот ред и мир
-да ти свират возачите на пешачки
-свирката од автомобилот да служи за предупредување на сопругата дека си при крај со нервите
-да се усисава во 2 по полноќ
– осудените прекршители на законот да се наведуваат со иницијали и да им се прикрива ликот
-да не примаш плата и да несакаш да ја напуштиш работата
-да слушаш деца од 12 години како се расправат за политика
-ако ги следиш правилата и законите да те гледаат како ненормален

Ако имате нешто да додадете, не се срамете, слободно направете го тоа на нашиот ФБ акаунт. Сите ваши сугестии ќе бидат додатно објавени!

- Реклама -