Филмови адаптирани на книги кои заработиле милиони

Филмската адаптација на книгата на Макс Брукс „World war -Z ” во моментов постигнува  сериозни финансиски успеси во кината шитум светот. За првите две недели по излегувањето на големите платна,   приходите од новиот филм со Бред Пит изнесуваат 135.3 милиони долари. Погледнете  15 филмови со фантастична заработувачка, кои се базирани на книги, избрани од The ​​Wraр:

„Ајкула” (1975)

1f

Првиот филм на листата е во режија на  Стивен Спилберг и  носи приходи од 260 милиони долари. Филмот   е базиран на истоимениот роман на Питер Бенчли.

„Како Гринч го украде Божик” (2000)

2f

Според класиката на Др. Сеус, овој филм предизвика редици пред кино-салите, добра заработувачка и одлична адаптација.

 Хрониките на Нарнија: Лавот, Вештерката и ормарот (2005)

3f

Првиот од серијата филмови базирани на делото на Клајв Стеипел Луис, „Хрониките на Нарнија” носи приходи од 291 милиони долари.

„Самрак 3: Eclipse” (2010 година)

the-twilight-saga-eclipse-2-1280x800

Вкупно петте филмови  на вампирската сага „Самрак” на Стефани Мајер донесоа приходи во износ од над 1,3 милијарди долари, но најуспешен од нив е “Eclipse” со над 300.5 милиони долари.

„Форест Гамп” (1994 година)

5f

Оскаровскиот филм, во кој  глуми Том Хенкс носи приходи од над 329.6 милиони долари. Тој е базиран на романот на Винстон Груум.

„Алиса во земјата на чудата” (2010 година)

6f

Иако во текот на годините имаше неколку филмски адаптации на романот на Луис Керол од 1865 година, најуспешниот од нив е онаа на Disney, каде како актер се појавува  Џони Деп , кој носи приходи во кината од над 334 милиони долари.

„Господарот на прстените: Враќањето на кралот” (2003 година)

7f

Приходите од „Враќањето на кралот” изнесуваат  378 милиони долари, со што е најпрофитабилен филм од трилогијата „Господарот на прстените”. Секој од филмовите на креативноста на JRR Толкин носел приходи од над 315 милиони долари.

„Хари Потер” (2011)

8f

Епското финале на  „Хари Потер” носи приходи од над 381 милиони долари, со што вкупните приходи од серијата достигнуваат 2,39 милијарди долари. Неверојатниот успех на филмовите го прави Џ.К. Роулинг првиот и досега единствениот автор милијардер.

 „Спајдермен” (2002 година)

9f

При излегувањето во кината адаптацијата на Sony се измести до врвот, па приходите кои беа генерирани завршуваат над 403.7 милиони долари. Последователните „Спајдермен 2″ и „Спајдермен 3″ се помалку успешни, но нивните општи приходи изнесуваат 710.1 милиони долари.

„Железниот човек 3″ (2013)

10f

Единствениот филм кој излезе оваа година, а спаѓа во рангирањето, е „Железниот човек 3″ со приходи од 405 милиони долари. Серијата филмови за Marvel Comics пак донела приход од над 1 милијарда долари во светски рамки.

„Игрите на гладта” (2012)

11f

Со нетрпение го очекуваме „Игрите на гладта ​​2: Отпуштање”, а истиот  се очекува да постигне сериозни финансиски резултати, откако првиот филм по романот на Сузан Колинс  „Игрите на гладта” донесе приходи од над 408 милиони долари.

„Кралот Лав” (1994 година)

12f

Креаторите на „Кралот Лав” тврдат дека анимираниот филм на Disney е инспириран од „Хамлет“ на Шекспир и од Библијата. Филмот носи приходи од над 422 милиони долари.

„Шрек 2“ (2004 година)

shrek_2_2004_7

Детската  книга на карикатуриста Вилијам Шаиг, со име „Шрек!” раѓа серија  популарни филмови, од кои  вториот ги носи најголеми приходи во износ од 441.2 милиони долари.

„Црниот витез” (2008 година)

14f

Трилогијата на стрипови на DC Comics, Бетмен донела општи приходи во износ од речиси 1,2 милијарди долари. Филмот исто така му носи постхумно Оскар на Хит Леџер, како и над 500 милиони долари. приходи.

„Одмаздници” (2012)

15f

Тимот суперхерои на Marvel Comics ги крши финансиските рекорди со приходи од над 623.3 милиони долари, што го прави филмот најуспешна адаптација на стрип досега.

 

- Реклама -